Фасетирана Цирконија

Фасетирана цирконија е изработена од циркониумска основа фасетирана со керамика. Керамиката дава природен ефект благодарение на високата транслуцентност.

Благодарение на CAD/CAM технологијата тие се прецизни и имаат одлично маргинално налегнување.

Карактеристики

  • Одлична естетика
  • Природна транслуцентност
  • Висока биокомпатибилност
  • Цврстина
  • Режена на CAD/CAM за прецизно маргинално налегнување
  • Обоен материјал

Предности

  • Долгорочна сигурност
  • Здраво забно ткиво
  • Природна опалесценција и транслуцентност
  • Повеќе избор
  • Подобра боја

Индикации

  • Идеално за предни и бочни коронки и мостови

Контраиндикации

  • Контраиндицирано кај големи мостови со повеќе изгубени заби

Препарација

  • Инцизално/Оклузално 1.5мм (2.0мм за мостови)
  • Вестибуларно 1.2мм (1.5мм за мостови)
  • Цервикално 1.0мм

Цементирање

  • Се цементира со стандардна техника на цементирање и материјали.