Метал Керамика

Метал керамичките протетски изработки имаат добри механички карактеристики, солидна естетика и добра биокомпатибилност. Меѓутоа имаат некои ограничувања како појава на темна метална маргина доколку дојде то повлекување на гингивата и се опакни доколку има мал простор.

Карактеристики

  • Цврстина
  • Повеќенаменски
  • Користени повеќе од 60 години

Предности

  • Добро маргинално налегнување
  • Цврстина и издржливост
  • Со добра орална хигиена можат да издржат и до 30 години

Индикации

  • Фронтални/Бочни коронки
  • Секакви мостови
  • Коронки и мостови на импланти

Контраиндикации

  • Не се препорачуваат доколку има други високо транслуцентни заби или безметални конструкции како соседни заби
  • Не се препорачуваат кај пациенти алергични на одредени легури

Препарација

  • Инцизално/Оклузално 2.0мм
  • Вестибуларно 1.5мм
  • Цервикално 1.2мм

Цементирање

  • Стандардна процедура и материјали за цементирање.